X
 27.03.2017 Живот

NIKE AIR MAX го прослави својот 30-ти роденден и во Скопје

Можеме да бидеме горди дека и ние сме дел од овој светски тренд. Le Funk не почести со изложба на убава колекција на патики кои ги собира долг период, дури разбрав дека има модели кои чинат и по 2.500 евра, најави водителот Димитар Атанасовски



Скопската публика синоќа (Фотографии од забавата)
имаше несекојдневна можност на едно место да види повеќе модели на патики Nike Air Max, некои од нив стари повеќе од две децении. Станува збор за збирката на диџејот Le Funk, вљубеник во патиките Air Max кој несебично ја позајми својата колекција да ја видат сите љубители на овој производ. Изложбата беше отворена во „Јавна соба“, како дел од промоцијата на новите модели на Nike Air Max, под досетливото мото Kiss My Airs.

- Пред 30 години се случи една работа која и денес ја почитуваме - сникер културата донесена преку брендот Nike Air Max. Има многу почитувачи на сникер културата во Македонија и оние кои трета деценија уживаат во удобноста, комфорот и излгедот на Nike Air Max. За моделот Kiss My Airs годинава во цел свет се оддржува еден ваков настан. Можеме да бидеме горди дека и ние сме дел од овој светски тренд. Le Funk не почести со изложба на убава колекција на патики кои ги собира долг период, дури разбрав дека има модели кои чинат и по 2.500 евра. Тука се и новие модели на Nike Air Max кои можат да се најдат во Buzz shop и Nike во Скопје сити мол - најави водителот Димитар Атанасовски.

Фамата почна неколку дена порано, со со една џиновска кутија која се поајви пред Скопје сити мол. Во кутијата се криеше голем графит на кој е претставен новиот модел на патики.

Инаку, Air Max Day се одбележува секоја година на 26 март на глобално ниво, заедно со сите спортски ентузијасти и љубителите на еден од најпрепознатливите светски брендови, Nike, како и на легендарната линија на спортски обувки, Air Max. Но, специфично е што оваа година Air Max го прославува јубилејот - 30 години, одбележувајќи ја тридецениската историја од промовирање на урбаната култура насекаде низ светот со линија на патики, која отсекогаш била препознатлива за Nike.

Поминаа 30 години од првото откривање на култните Air Tailwind. Револуцијата на Air Max започна во 1987 година кога патиките од специјализирани тркачки патики станаа незаменлива опрема за кошарка, тренинг и тенис, брзо прераснувајќи во уникатен симбол на урбаниот животен стил.

Новите модели на Nike Air Max може да ги набавите во Buzz shop и Nike во Скопје сити мол.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот