Мислите дека единствено што можете да направите за вашите патики е добро да ги исчистите? Британската блогерка Шантел е Бонсу на социјалните мрежи објави фотографија пред и по нејзиниот трик со кој ги направи патиките како нови.
За трикот ќе ви бидат потребни пар чорапи, дел од маица, тоалетна хартија, водена или влажна крпа и пегла. Изведувањето на трикот е многу едноставно и не бара премногу време, а вашите омилени патики ќе бидат како нови.
Прво треба да го наполните предниот дел на патиките со чорапите, маицата или тоалетната хартија максимално колку што можете. Потоа ставете водена или влажна крпа преку предниот дел на патиките и повеќе пати поминете со пеглата, меѓутоа, кревајте ја пеглата за да не ги стопите патиките.
Откако го објави магичниот трик за отстранување на наборите на
патиките на социјалните мрежи, објавата стана вирална и луѓето почнаа да го применуваат трикот, па со воодушевување ги поставија своите фотографии од резултатот.