X
 02.12.2016 Живот

Ова се грешките што родителите ги прават во воспитувањето на децата

Сите ние грешиме и никој не е совршен, ниту сме родители кои имаат упатства како да бидат најдобар родител на светот. Тоа е факт, но ве советуваме ако некој вас се обиде да ви укаже на грешките кои ги правите со воспитувањето на вашето дете, послушајте го и проценете дали вашите навики и грешки кои ги правите дури и несвесно, навистина оставаат долгорочни последици, иако вие мислите дека тоа не е толку страшно.

За типичните родителски грешки неодамна проговори еден американски психолог, Мајк Леар за порталот Fatherly.com. Според него ова се типичните грешки:


воспитување


1. Им давате на децата преголем избор


Душо дали го сакаш ова или ова? Не, детето сака нешто сосема друго. Многу родители сметаат дека богатиот избор е добар избор за детето, но факт е дека на децата во повеќето случаи не им треба избор. Треба вас да ве гледаат како водич, а не да ги гушите со избори кои ги збунуваат, а со тоа им се дава простор да станат премногу пребирливи.

2. Премногу ги фалите за се што прават


На пофалбата лесно се навикнуваат, па децата кои се фалат за секој чекор и секоја активност навистина стануваат зависни од пофалба и на неа нé гледаат како на поттик, туку како обврска која родителот мора да ја исполни, за детето да се чувствува добро поради се што направило.

3. Се обидувате да ги направите среќни во секој момент и на секое место

Задача на детето е само да се научи како да се усреќи самото себе, а не постојано да чека од вас за да го направите среќно секој ден со нова играчка и исполнување на секоја нивна желба. На овој начин детето ќе биде се подалеку и подалеку од вистинското разбирање за среќата.

4. Премногу се разгалуваат и им се попушта

Со текот на времето нивните желби ќе станат она што никој родител не сака, колку повеќе попуштате детето толку побрзо ќе научи за вистинското значење на манипулацијата и ќе ве тера уште повеќе да попуштате. Доколку им дадете рака без оглед колку ве сакаат и ценат, наскоро ни раката нема да им биде доволна.

5. Активното дете се обидувате уште повеќе да го активирате

Родителите за време на зимските денови често се одлучуваат да ги запишат децата на неколку активности, мислејќи со тоа дека им даваат време и простор да се забавуваат. Но децата толку лесно почнуваат да негодуваат, па тешко е да се разликува дали и понатаму се толку активни бидејќи навикнале да бидат активни или се толку хиперактивни бидејќи веќе не знаат како да престигнат од сите тие активности. На активните деца им е потребно понекогаш да имаат време за досада.  

6. Ги сметате за препаметни

Некои родители ги нарекуваат децата паметни глави само затоа што научиле да ја користат шолјата во тоалет. Не е лошо да му давате на вашето дете поддршка, но се има своја граница, бидејќи пречестото давање пофалби и зборување дека е паметно со тек на време ќе му всади верување на детето дека само тоа е единствено паметно, а сите останати не се. Тоа води до ароганција кој никој не ја сака.

7. Молчите за табу теми

Ако молчите пред децата за табу теми како што се секс, тоа не значи дека детето ќе ги заобиколи тие теми за животот. Молчењето за овие теми води до тоа дека детето овие одговори да почне да ги бара од другите луѓе, без ваше знаење.

8. Премногу ги осудувате за грешките


Не е добро да ги пофалувате за секоја ситница, но исто така не е добро да се биде премногу критичен кога станува збор за нивните грешки. Кај возрасните може конструктивната критика да влијае како поттик за подобрување, но кај децата таквиот пристап и не е баш најдобар избор.

9. Засрамување, игнорирање, закани

Додека некои родители грешат со претерано благиот пристап со попуштање и пофалби, некои одат во друга крајност со користење на методи на засрамување, игнорирање, закани. Ни едниот, ни другиот пристап не се добри бидејќи немаат ни мера, ни умереност.

Во првиот случај детето ќе стане премногу арогантно, разгалено, со преголеми очекувања од другите, во вториот случај ќе стане заробеник на сопствената сенка, дете со страв од неуспех, со ниско ниво на самодоверба, а како последица им останале сеќавањата од заканите и чувството на недоверба спрема родителите.

10. Ги терате на непримарни нешта кои не се во согласност со нивната возраст

Ова е посебно видливо за семејствата со многу деца во кои првите се разгалуваат и им се дава внимание се додека не дојде нов член на семејството, ново дете, па иако премали вие ги терате да се грижат за помалиот брат или помалата сестра, а тие сé уште не се во состојба да се грижат за самите себе, а камоли за друго дете.

11. Време поминато пред екраните

Кога децата би можеле да растат без овие силни екрани, сигурно би биле повеќе активни, повеќе би ја користеле имагинацијата, би биле креативни, но бидејќи во денешно време не можете да ги исфрлите технолошките уреди од животот, ограничувањето на времето на користење е единствено и најдобро што можете да го направите за вашето дете.

Децата стануваат многу брзо зависни од дигиталните содржини и сите ваши желби да бидат вакви или онакви луѓе паѓаат во вода бидејќи детето единствено што гледа и единствено што сака е некој облик на екран.

12. Не им дозволувате на децата да се досадуваат

Жал ви е да ги гледате како се движат по домот не знаејќи што да прават со себе (посебно ако се зависни од ТВ екранот). Во таа ситуација многу родители од силната љубов спрема децата се обидуваат да им најдат забава, но психолозите тврдат дека досадата е добро нешто за поттикнување на нивната креативност, фантазирање и смислување на активности.

13. Штитење од негативни последици и губиток

На жалост се повеќе родители размислуваат дека од добри намери на децата ќе им овозможат се она што тие го немале, им купуваат на децата се што ќе посакаат. Ова доведува до резултат детето да не почитува никого и ништо. Секој од нас треба да научи да губи и да не добива се што ќе посака, за да научи да цени она што го има и она што го добива.

14. Не дозволување на децата да играат ризични игри

Кога сте надвор го учите детето дека смее да игра само на сигурни игралишта, бидејќи тоа е единствено безбедно место. Но докажано е дека таквите деца стануваат многу чувствителни, и со здравјето и несигурни во социјалното опкружување, помалку спремни на ризици во животот кога вие нема да бдеете над нив.

15. Не покажувате интерес за нивниот ден и впечатоци

Пред спиење, за време на оброците, вечерното дружење стекнете навика да разговарате со своето дете. Покажете интерес за се она што им се „мота“ по нивната глава, бидејќи на тој начин детето ќе научи да ви се обраќа секој пат кога со нешто се соочува.

16. Не читате приказни на малите деца

Колку и да се оспорува, читањето влијае позитивно на детскиот развој, а стекнувањето на навика да читаат приказни подоцна ќе им биде од корист. Мал е бројот на деца кои имаат привилегија денес да уживаат во вакви моменти со родителите.

17. Играчките им ги одземат пребрзо


Со оглед на тоа дека не постојат големи докази кои тврдат дека куклите, играчките и плишаното мече со кои спијат, прават повеќе штета отколку корист, оставете детето да си игра со нив, се до моментот кога ќе биде спремно да ги остави овие свои навики. Бидејќи играчките им се голема утеха на децата за многу ситуации, не само за спиење.

18. Ги храните само со она што сакаат да го јадат

Не е важно детето со секој оброк да биде сито, туку важно е да учат за разновидните намирници за да се стекнат со добри темели за здравствена и урамнотежена прехрана. Па макар тоа да значи да изедат малку брокула и брзо да огладнат, ќе им направите поголема корист отколку да им давате иста храна.

19. Удирање на детето по 5 годишна возраст

Различно е кога малото дете нежно го удирате по пелените и се обидувате да му објасните дека тоа не смее да се прави, но кога со таквиот физички чин го удирате детето кое разбира да комуницира ќе постигнете спротивен ефект. Во него ќе го зајакнете чувството на бес, лутина и насилство и на тој начин во иднина ќе ги решава проблемите.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот