X
 21.08.2017 Технологија

Апликација што е сон на родителите, а кошмар на нивните деца

мобилен
Фото: Morguefile

На интернет е достапна нова апликација што претставува одлична вест за родителите. „ReplyASAP“ ја презема „контролата“ на екранот на мобилниот телефон и вклучува аларм што не престанува додека детето не одговори на повикот или пораката.

Авторот на апликацијата, Ник Херберт од Лондон, татко на 13-годишно момче, објаснува дека бил фрустриран со постојните апликации за испраќање пораки, па создал сопствена која го тера неговиот син да одговори на пораките.

„ReplyASAP“ го „мачи“ оној кому му е упатена пораката сè додека тој не одговори - го блокира системот на телефонот и го држи алармот активен сè додека тој што упатил повик не добие одговор.

Игнорирањето на повикот или пораката на родителот станува невозможно. Апликацијата овозможува и известување за тоа дали пораката е прочитана.

Херберт вели дека во текот на осум месеци работа на оваа апликација се консултирал со својот син во врска со дизајнот и идејата.

Апликацијата е приспособена и за постари корисници, оние што на телефонот го деактивираат звукот или не го држат уредот постојано покрај себе.

„ReplyASAP“ e достапна за „Андроид“, моментално само во Велика Британија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија