X
 27.11.2020 Живот

Децата се особено чувствителни по лежење во болница, вели психологот Ивана Маринчек

Самата повреда, како и интервенцијата, па и периодот на закрепнување, сигурна сум дека предизвикале силен стрес кај сите вас во семејството. Децата на таа возраст се особено чувствителни, па вашето синче, покрај својата болка, стравот и стресот со кои се соочил, верувам дополнително се вознемирува кога ќе ја почувствува вознемиреноста на некој од вас, родителите. Тоа се навистина многу стрес и вознемиреност за едно толку мало дете, кое согласно својата возраст сè уште нема соодветно изградени и целосно развиени капацитети за справување со нив. Токму затоа на таа возраст тантрумите и она што вие го опишувате како „хистерично однесување“ се толку честа појава. Кога ваквите однесувања ќе се појават, тие индицираат дека детето се соочува со интензивни силни чувства со кои не умее да се справи и кои му создаваат силна тензија и фрустрација, која неретко може да ескалира и во агресивно однесување.

Ова е читателско прашање упатено до психолозите соработници на Деца.мк. Одговорот на Ивана Маринчек прочитајте го на овој ЛИНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот