X
 09.12.2016 Технологија

Внимавајте на опцијата „A Year in a review“ на Facebook

Секоја година во последната недела од декември Facebook на своите корисници им ја нуди опцијата „Year in review“ преку која добиваат видео како компилација од десетте најпопуларни лични фотографии од изминатата година, но оваа можност крие и потенцијална опасност.


Некои корисници добиле понуда да лајкнат и да ја споделат страницата која ќе им овозможи да го активираат „Year in review“.

Иако  „Year in review“ е официјална опција на Facebook, сепак ваквите апликации не се. Понудите кои ги добивате Facebook имаат за цел да ве намамат во нешто што би можело да ја загрози вашата безбедност на Интернет.

Што значи, нема никаква потреба да лајкнувате и да споделувате било каква апликација за да можете да го активирате „Year in review“ . Се останато може да претставува трик со кој хакерите би можеле да дојдат до вашите лични податоци и да ги злоупотребат.

Кога ќе дојде вистинското време, а тоа е последната недела од декември, тогаш Facebook ќе ве извести дека опцијата „Year in review“ е активирана, а вие ќе можете преку неа да уживате во вашите најзначајни фотографии од 2016 година.  
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија