X
 15.06.2026 Технологија

„Инстаграм“ доби функција која корисниците ја бараа со години

По години исчекување, „Инстаграм“ официјално воведе една од најбараните функции - можноста за рачно менување на распоредот на објавите на профилот. Новата опција, наречена „Grid Reordering“, им дава слобода на корисниците да го организираат својот фид по сопствено наоѓање, наместо да бидат ограничени исклучиво на хронолошки редослед.

Досега, корисниците беа принудени објавите да ги следат по строг временски редослед, а единствениот начин да се истакне одредена содржина беше функцијата „Pin“, која овозможува закачување до три објави на врвот на профилот. Новата функција ги менува правилата на игра, овозможувајќи му на секој корисник да го претвори профилот во креативна целина која најдобро го претставува неговиот идентитет, деловен бренд или уметнички израз.

Како да се користи „Grid Reordering“?


Процесот е многу едноставен: oтворете го вашиот профил на мобилната апликација, притиснете и задржете која било објава на вашата мрежа, изберете ја опцијата „Reorder Grid“, преместете ги објавите на саканите позиции и зачувајте ги промените.

Реакциите на корисниците ширум светот се исклучително позитивни, иако многумина истакнуваат дека следниот чекор би требало да биде враќање на хронолошкиот приказ на објавите на пријателите. Засега, „Grid Reordering“ е достапен исклучиво преку мобилни уреди, што ги наведува корисниците на заклучок дека оваа функција ќе остане првенствено насочена кон мобилното искуство.

Извор: 6yka.com
Фото: Magnific

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија