X
 14.12.2016 Живот

Најбезбедното седиште во авионот

Веројатноста да загинете во лет со авион се 1 во 4.7 милиони, според planecrashinfo.com.


Ако оваа веројатност ве прави нервозни, не би требало да бидете – иако се срушите можно е да преживеете. Според анализите на американската влада на сите 568 несреќи во САД помеѓу 1993 и 2000 година, откриено е дека од 53,487 вкупно патници и екипаж, преживеале 51,207, односно околу 90 проценти. Се поставува прашањето, кое е најбезбедното седиште во авионите?

Производителите на авиони истакнуваат дека има малку убедливи докази за мислењето дека седиштето е важно, бидејќи според нив сите седишта се подеднакво безбедни.

Портпаролот на Федералната администрација за авијација изјавил :

Се работи за многу старо прашање. Но, нема начин за да се одговори.

Додека пак на веб страницата на Боинг стои :

Сите седишта се безбедни подеднакво.

Сепак, студија од 2007 година изработена од Popular Mechanics ги анализирала сите авионски несреќи со фатални последици и преживеани уште од 1971 година. Според анализата, задните седишта позади крилото се најбезбедни, бидејќи стапката за преживување на тие седишта е 69 проценти за разлика од другите седишта кои се напред во авионот или кај самото крило, со 56 и 49 проценти соодветно.

По сето ова, не може а да не се запрашаме зошто бизнис класата е напред во авионот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот