X
 27.01.2017 Живот

Како бебињата патувале во авион во минатото?

Често пати се дискутира за ситуациите кога луѓето носат бебиња со нив во авион. Дечињата секогаш бараат посебен третман, а авионскиот екипаж секогаш се обидува да биде пријатен со секој патник, па и бебињата.

Според фотографиите од 1953 година, обидите за обезбедување пријатен лет предвидувале дури и одлични конструктивни решенија за најмладите патници.

Британската авио линија во тој период обезбедувала колевки за бебињата, на летовите кои траеле подолго. Тие колевки можело да се прикачат и над седиштата каде што се складира багажот. На тој начин, детето можело да спие мирно и безбедно. Но, при слетувањето, се разбира детето повторно морало да биде во рацете на родителот, како што се практикува и денеска.

Фото: vintag
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот