X
 23.06.2017 Технологија

Најскапиот пад во историјата на авијацијата: вака се сруши „Духот на Канзас“

Првата мирновременска несреќа во која се сруши гордоста на американската авијација – авионот B-2 Spirit познат и како „Духот на Канзас“, се случи во февруари 2008 година.

Имено, тој ден од аеродромот во  матичната база Вајтмен во Мисури полета B-2 со ознака 89-0127. При полетувањето едно од крилата на авионот ја закачило пистата за полетување, авионот малку се издигнал, но пилотот не можел да го спаси леталото, па екипажот се катапултирал, а авионот паднал и експлодирал.

Штетата за уништеното летало била проценета на 1,4 милијарди долари, по што е забележана како „најскапото паѓање во историјата на авијацијата“.

Веднаш по падот биле запрени сите летови сè до утврдување на причината од страна на истражниот тим. Формираната комисија утврдила дека главен виновник за паѓањето на леталото бил дождот што довел до влага во кабелскиот систем што негативно влијаело врз сензорите во авионот кои регистрираат бројни важни информации за летот, како што се брзината и висината.

Влагата предизвикала кондензација во три компресори за притисок, а компјутерот погрешно го пресметал аголот за полетување и брзината. Во кокпитот се покажале неточни податоци кои предизвикале неповолни маневри.
 
Комбинацијата на неадекватна брзина на полетување и екстремен агол, резултирала со блокада на поткрилата и паѓање на леталото, а потоа и експлозија.

Како изгледало тоа, погледнете овде:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија