X
 15.12.2016 Образование

Од какви учебници учат децата Хрвати во Србија?

Хрватската национална заедница во Србија веќе десет години укажува на проблемот со учебниците на хрватски јазик

За ова прашање се разговарало и на билатералните средби меѓу Загреб и Белград, а потег беше направен кога Владата на Србија одвои пари за учебници на јазиците на сите национални малцинства. Ова е поврзано со интензивирање на преговорите на Србија со Европската унија, пренесува B92.


учебник


Во учебникот по математика, од кој учат учениците во Tavankut, дефиницијата за геометрија е доследно преведена на тој јазик, додека формулата е на српски јазик. Слична конфузија има и во учебниците на хрватски јазик.

„Па, учениците се збунети, не знаат кој термин се користи. Некогаш ќе научат нешто на хрватски, а потоа во учебникот нешто друго е напишано на српски, а потоа прашуваат што значи"- објаснува Јосипа Којиќ, наставничка по хрватски јазик.

Проблемот не е во содржината, туку тоа што сите овие години, освен оваа година учебниците не стигаа на време, велат родителите чии деца посетуваат настава на хрватски јазик.

„Децата брзаа кон библиотеката да бараат сами книги, значи постоеше голема негрижа од страна на Хрватскиот Национален Совет да му дадат на децата книги за време на првите училишни дена“- наведува Иванка Иванковиќ, родител

Од Хрватскиот Национален Совет велат дека од 2012 година почнале со свои трошоци да ги преведуваат учебниците. Сепак и понатаму недостигаат националните додатоци, кои ја отсликуваат специфичноста на тој народ. За тој дел уште не стигнале да се посветат.

„Досега се посветувавме на преведување на книги за пониски одделенија за основните училишта, но што се однесува до националните додатоци досега не бевме во можност. Исто и српската национална заедница во Хрватска има посебни национални додатоци кои се значајни за српската историја, вели Славен Бачич, претседател на Хрватскиот национален совет.

Хрватското малцинство очекува и превод на учебници за средните училишта. Во основните училишта во Tavankut, северено од Војводина речиси 90 проценти од учениците се со хрватска националност, а само 10 отсто од учениците посетуваат настава на мајчин српски јазик.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование