Поради тоа што во Прокупље, Србија, во сила е забраната за вработување во јавните претпријатија и установи, а долгогодишните специјализирани вработени дочекаа да се пензионираат, многу претпријатија мака мачат кога станува збор за работна сила. Таа ситуација е особено влошена во културните и здравствените установи.
Така, на пример, Народниот музеј на Топлица може да се потпре уште само на историчарот на уметност бидејќи нема етнолог, археолог, конзерватор, а единствениот историчар моментално е директор на установата. Значи, сите овие профили ги нема во музејот, иако тој покрива четири општини.
- Во планот и програмата за работа на установи е вработување на потребниот стручен кадар и тој извештај го усвои локалното собрание, но со оглед на тоа што сѐ уште е во сила забраната за вработување, не сме во можност да распишеме конкурси. Се надеваме дека ситуацијата ќе се промени од Нова година - истакна директорот на Народниот музеј на Топлица, Дарко Жариќ.
Тој додава дека освен историчар на уметноста, установата нема специјализирани и потребни
работници.
Слична е ситуацијата и во народната библиотека „Раде Драинац“, каде што освен директорот нема лице кое е стручно, на пример, за книжевни вечери.
Така, директорите морале да ги засукаат ракавите и покрај организациските работи, да работат и други работи.
За жал, како што пренесуваат српските медиуми, ситуацијата е слична и во други установи. На пример, во болницата во Прокупље, која ги покрива четирите општини од Топличкиот округ, недостигаат интернисти и други специјалисти.