X
 17.12.2016 Култура

Куба ќе ѝ се оддолжи на Чешка - со рум!


Човек држи во рака шише кубански рум

Кубанските власти смислија многу необичен начин за враќање повеќе милиони долари што им ги должат на Чешка. Функционерите од Прага велат дека им понудиле враќање на долгот во шишиња од нивниот прославен кубански рум, пишува BBC.

Чешкиот министер за финансии изјави дека Хавана ја споменала оваа можност во текот на последниот круг преговори околу враќањето на долгот. Инаку, Куба должи 276 милиони долари, а доколу Чесите ја прифатат оваа понуда, би можеле да имаат доволно рум за следните сто години.

Но, сепак за очекување е Прага да преферира определен дел од долгот да го наплати во пари. Кубанскиот долг датира од времето на Студената војна, кога Куба и поранешната Чехословачка беа дел од источниот блок. Куба се наоѓа во сериозна криза и има недостаток на средства за подмирување на долговите, но затоа пак имаат рум и повеќе од доволно.

Така и се родила идејата за оваа невообичаена понуда, јавува репортерот на BBC, Роберт Камерон, од Прага. Од чешкото министерство за финансии велат дека отплатата на долгот, освен во пари, е прифатлива и во рум и лекови, но бидејќи кубанските лекови немаат ЕУ сертификати, исплатата во рум е многу поизводлива.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура