X
 05.09.2024 Живот

Кои народи во Европа немаат пари за одмор?

Летото е време за одмор за многумина во Европа. По седум долги месеци работа, август е време за исклучување и патување, па многумина одат на живописни дестинации за да уживаат во сонцето. Сепак, одморот надвор од дома за многу Европејци сè уште е привилегија, а не нешто што се подразбира.

Според процените на „Евростат“, околу 29 отсто од луѓето на возраст над 16 години во ЕУ не можеле да си дозволат еднонеделно патување во 2023 година.

Во 2022 година 62 отсто од населението на ЕУ над 15 години патувале надвор од својот дом барем еднаш, на патување кое не е поврзано со работата. Ова вклучува само одмори што траат повеќе од една ноќ. Со други зборови, 38 отсто од граѓаните на ЕУ не отишле на личен одмор во текот на годината. Според „Евростат“, причините се од финансиска природа.

Кој ги прескокнува одморите во ЕУ?

Во Шпанија, 33 отсто од населението не може да си дозволи одмор во текот на годината. Во Италија таа бројка е 32 отсто, додека Франција и Германија забележале резултати од 25, односно 23 отсто.

Со вкупно 60 отсто, многу граѓани на Романија го прескокнуваат одморот, како и во Бугарија (44 отсто) и Унгарија (43 отсто).

Ако ги погледнеме земјите во Европа, но надвор од ЕУ, Норвешка е исклучок на другиот крај од спектарот. Во оваа земја само 7,9 отсто од луѓето биле финансиски спречени да отпатуваат на одмор.

- Разликите меѓу земјите обично се поврзани со силата на економијата на една земја. Земјите на дното на листата имаат повисок БДП од оние на врвот на листата - вели професорката Лин Минарт, декан на Факултетот за угостителство на Државниот универзитет „Метрополитен“ во Денвер.

- Важно е нивото на расположлив приход бидејќи им овозможува на луѓето да трошат пари за одмор. Разликите во одморот и потрошувачката одразуваат некои од пошироките економски разлики во ЕУ - вели професор Мајкл Хол од Катедрата за менаџмент, маркетинг и туризам на Универзитетот во Кентербери.

Друго истражување на „Евростат“, со податоци собрани во 2022 година, ја анализира постапката на населението што патува од лични причини, броејќи ги само одморите со најмалку едно ноќевање.

Во Холандија, 84 отсто од луѓето отишле на одмор барем еднаш во 2022 година, додека Луксембург (83 отсто) и Финска (81 отсто) се на второ и трето место. Бугарија и Романија се на другиот крај од листата, при што само 28 отсто од нивното население патувало барем еднаш во 2022 година.

Иако одлуката да не се патува може да биде поврзана со финансиски причини, има и други причини зошто граѓаните избрале да останат дома. Професорот Хол вели дека културните и географските фактори придонесуваат кога станува збор за патувањето.

Кои земји трошат најмногу за одмор?


Според „Евростат“, просечните трошоци за туризам по лице значително се разликуваат во европските земји.

Во 2022 година Луксембург најмногу потроши за туризам по ноќевање, со 175 евра, проследено со Австрија со 154 евра, додека просекот во ЕУ беше 87 евра. Овие податоци ги одразуваат трошоците на туристите според нивната земја на живеење, а не колку трошат туристите што посетуваат одредена земја.

Меѓу водечките економии, Германија имаше највисока потрошувачка по ноќ од 109 евра. Франција (84 евра), Шпанија и Италија (и 72 евра) беа под просекот.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот