X
 12.12.2021 Култура

Најдобрите воени филмови на сите времиња

Читателите на веб-страницата „Ранкер“ ги обожаваат топ-листите, а овој пат гласаа за најдобар филм со воена тематика.

Од класици како „Спасување на војникот Рајан“ до понови достигнувања како „Данкерк“ и „1917“, оваа листа ги рангира најдобрите филмови за војна, битки и воени конфликти.

Овие филмови прикажуваат некои од најзначајните настани во светската историја од различни перспективи и со различни цели и намери.

Некои врвни воени филмови се обидуваат да ги прикажат што е можно пореално настаните, или од општоприфатена перспектива или од гледна точка на војниците и цивилите вклучени во самиот конфликт.

На прво место се најде филмот „Спасување на војникот Рајан“ од 1998 година во режија на Стивен Спилберг. Главните улоги ги толкуваат Том Хенкс, Мет Дејмон и Вин Дизел.

Дејството на филмот е инвазијата на Нормандија во Втората светска војна, а филмот е најпознат по својот високо графички реалистичен приказ на војната, особено во првите 27 минути прикажувајќи го истоварувањето на сојузниците на плажата Омаха на 6 јуни 1944 година. Потоа, дејството ги следи капетанот Џон Х.Милер (Том Хенкс) и неговиот тим (Том Сајзмор, Едвард Барнс, Бери Пепер, Вин Дизел, Џовани Рибиси, Адам Голдберг и Џереми Дејвис) кои се обидуваат да го најдат Џејмс Френсис Рајан (Мет Дејмон), последниот преживеан од четворицата браќа во војската.

Ова се филмовите што се на самиот врв на листата.

10. „Големото бегство“, 1963 година



9. „Вод на смртта“, 1986 година



8. „Патон“, 1970 година



7. „Падот на црниот јастреб“, 2001 година



6. „Еднаш бевме војници“, 2002 година



5. „Недостижен мост“, 1977 година



4. „Шиндлеровата листа“, 1993 година



3. „Лоренс од Арабија“, 1962 година



2. „Подморница“, 1982 година



1. „Спасувајќи го војникот Рајан“, 1998 година



Фото: Ranker.com | Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура