X
 19.06.2016 Технологија

Најдобрите бесплатни апликации за едукација

Во продолжение ви нудиме листа на најдобри апликации за едукација од 2007 до 2016 година.

 

апликации


Апликациите се:

- Достапни на англиски јазик
- Бесплатни
- Соодветни за користење во училница
- Може да се користат во самиот веб пребарувач, односно не е потребно да се преземаат

Некои од веб страните се наменети само за наставниците со кои можат да создадат содржина соодветна за на час, но може да се користат и од учениците.

Најдобрите веб 2.0 апликации за образовани во 2015

Најдобрите веб 2.0 апликации за образование во 2014

Најдобрите веб 2.0 апликации за образование во 2013

Најдобрите веб 2.0 апликации за образование во 2012

Најдобрите веб 2.0 апликации за образование во 2011

Најдобрите веб 2.0 апликации за образование во 2010

Најдобрите веб 2.0 апликации за образование во 2009

Најдобрите веб 2.0 апликации за образование во 2008

Најдобрите веб 2.0 апликации за образование во 2007


Во продолжение можете да ги пронајдете најдобрите веб апликации за образование за 2016 година:

 


„Adobe Spark“ - бесплатна алатка која ви овозможува да создадете визуелно атрактивни цитати, веб страни и видеа.

„Spaces“ - одлична алатка која овозможува приватен простор на кој се поканети корисниците да споделуваат фотографии, постови и линкови.

„Minecraft Education Edition“ - со оваа алатка можете и тоа како да експериментирате.

„Participate“ - алатка која им овозможува на наставниците да собираат различни извори за учење.

„Votesy“ - бесплатна и едноставна анкетна алатка која во овозможува да создавате прашања со текст, видео или фотографија.

„Wizer“ - им овозможува на наставниците да создаваат онлајн домашни задачи.

„Opinion Stage - бесплатна и лесна алатка за правење онлајн тестови, анкети и листит.

„Pablo“ - ви овозможува да создадете визуелно атрактивни цитати и ви обезбедува над 50.000 бесплатни фотографии.

„Pindex“ - еден вид на „Pinterest“ за образование.

„ClassTools“ - оваа веб страна има лесни алатки за користење за создавање на онлајн содржина.

„Synap“ - нова лесна алатка за создавање онлајн квизови.

„Versаl“ - ви овозможува да создавате онлајн интерактивни извори.

„NoteBookCast“ - едноставна виртуелна онлајн табла која може да ја користат повеќе луѓе истовремено.

„KnowMe“
- апликација која ви овозможува да комбинирате фотографии од вашиот телефон со видео.

„ClassKick“ - им овозможува на наставниците да создадат виртуелна училница.

„The Learnia“ - ви овозможува да созавате интерактивни видео лекции.

„Pool Deep“ - алатка за правење анкети.

„PullQuote“ - лесна алатка за создавање на визуелно атрактивни цитати онлајн.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија