Неколку млади лица ја прекинале трибината за историјата на Република Српска на Филозофскиот факултет во Белград и ги нападнале студентите кои биле присутни.
Групата млади лица извикувала „Хајл Хитлер“ и „Зиг хајл“. На снимката објавена на „Youtube“ се гледаат млади кои им викаат на студентите и велат „извади го ножот“. Кога забележале дека еден од учесниците на трибината снима со својот телефон, започнале да му довикуваат да ја исклучи камерата.
Една од студентките изјавила дека меѓу присутните на трибината биле и младите лица за кои подоцна дознала дека припаѓаат на организацијата „Национален српски фронт“ и физички ги нападнале студентите, удирајќи ги со ремен по глава. Ги навредувале присутните на верска, раснам национална и сексуална основа, а на студентките им се заканувале со силување. Еден од нив и им се заканувал со нож.
Според изјавите на студентката, напаѓачите се припадници на организацијата која ја предводи Горан Давидовиќ наречен „Фирер“, истата организација која пред неколку месеци сакала да реализира марш низ Београд. Фирер е во јавноста познат по слични вакви инциденти.
Студент на Филозофскиот факултет тврди дека не се „десничарите“ оние кои ја прекинале трибината и го предизвикале инцидентот, но не го демантира нивното насилно однесување, ниту пак нацистичките поздрави. Тој наведува дека одржувањето на трибината, се обиделе да го спречат групата „левичарски настроени студенти“ кои упаднале на трибината, но „десничарите“ им се спротивставиле. Сепак, не го негира агресивното однесување.