X
 03.02.2018 Образование

Шкотска најавува бесплатна партиципација на универзитетите за ЕУ студентите

skotska

Министерката за високо образование Ширли-Ен Сомервил рече дека потегот испратил силна порака дека граѓаните на ЕУ се добредојдени во земјата.

Шкотската влада објави дека студентите од другите ЕУ земји кои ќе ја започнат учебната 2019/20 година, нема да плаќаат партиципација.

Велика Британија треба да излезе од ЕУ во март 2019 година. Министерката Сомервл рече дека студентите што ќе започнат на факултет на есен ќе добијат бесплатно запишување. Шкотската влада веќе вети дека ќе обезбеди бесплатна партиципација за студентите од ЕУ што ги започнале студиите во 2017/18, како и оние што ќе ги започнат студиите во 2018/19 година.

„Ова значи дека сите ЕУ граѓани, што не доаѓаат од Велика Британија, ќе можат бесплатно да студираат во шкотското високо образование во 2019/20 година. Ова ќе обезбеди доверба за потенцијалните студенти од ЕУ кои размислуваат да дојдат да студираат во Шкотска“, изјави министерката.

„Ние сме прва влада во Велика Британија што направи ваква обврска и со тоа испраќаме силна порака до сегашните и идните студенти - добредојдени сте тука“, додаде таа.

Професорката Андреа Нолан, заседавач на Универзитетите во Шкотска, го поздрави овој чекор. „Среќни сме што шкотската влада се одлучи за овој чекор. Денешната најава им дава јасност и сигурност на универзитетите, но најважно, им покажува на студентите од ЕУ дека и понатаму се добредојдени во Шкотска. Студентите од ЕУ се суштински дел, но исто така се ценети и кулутрно и економски, не само од универзитетите, туку и од заедниците во кои живеат“, вели таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование