X
 20.04.2021 Образование

Студенти во Цирих живеат во хотел бидејќи е поевтино

Студентите во еден од најскапите градови во светот живеат во поголем луксуз отколку претходно поради пандемијата. Тие се сместуваат во соби во поранешен луксузен бизнис-хотел кој банкротирал поради пандемијата.

Станува збор за еден од највисоките хотели во градот, кој бил затворен во ноември, а потоа купен од страна на компанијата „Новак солушнс“ на Алекс Тирополис.

Во моментов во хотелот живеат околу 100 студенти, за кои има посебна понуда која чини нешто над 100 долари неделно. Тоа е речиси двојно помалку од цената за соба во студентски стан во Цирих, пренесува Би-би-си.


Извор: bbc.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование