X
 19.12.2016 Технологија

Германија може да го казни „Facebook“ со 500.000 евра

Германија не е убедена дека „Facebook“ може да се само-регулира за проблемот со лажните информации. По најавата дека ќе биде во партнерство со трети лица кои ќе ги проверуваат изворите и информациите претходно оваа недела, „Facebook“ сега се соочува со можноста од голема парична казна за секоја дезинформација.

Предложениот закон ќе наметне казна од 500.000 евра (или 523.320 долари) ако „Facebook“ и другите социјални мрежи не успеат да ги отстранат навредливите пораки кои содржат говор на омраза или лажни вести.


Facebook


Ова ќе се однесува на сите социјални мрежи иако претседателот на Социјалната Демократска партија, Томас Оперман го наведе само „Facebook“ во изјаза за „Der Spiegel“.

„Facebook“ не ја искористи можноста да го регулира проблемот, па сега ќе биде легално обврзана да отвори канцеларија за правна заштита во Германија која ќе треба да биде достапна 24 часа на ден, 365 дена во годината.

Доколку по соодветното испитување, „Facebook“ не ги избриши навредливите пораки во рок од 24 часа, може да се очекува индивидуална парична казна и до 500.000 евра.
Подготвил: Светлана Петковска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија