X
 19.10.2023 Живот

Возел 145 км на час во зона од 80 км на час, па добил казна од 1,4 милиони долари

Жител на Џорџија, кој минатиот месец бил фатен како со голема брзина се движел по автопат, добил казна за брзо возење која изнесува 1,4 милион долари.

Конор Като патувал низ Савана на 2 септември кога патрола го фатила како вози 145 километри на час во зона каде што било дозволено да се вози 80 километри на час.

Като очекувал да добие казна за супербрзо возење, која му се дава на секој што ќе вози 50 километри на час побрзо од дозволената брзина, но не очекувал дека казната ќе биде повеќе од 1.000 долари.

Прво мислел дека станува збор за печатна грешка, па веднаш се јавил во судот. Но, му било кажано дека мора да ја плати веднаш или да чека повик од судијата.

Дури подоцна дознал дека казната од 1,4 милиони долари била автоматски генерирана казна.

Според Џошуа Пикок, портпарол на градската управа на Савана, казната е генерирана од софтверот што го користи локалниот суд, кој автоматски се применува за возачите што сакаат да возат супербрзо.

Судијата ќе ја одреди вистинската висина на казната за Като кога ќе се појави на суд.

kazna
Фото: WSAV

- Програмерите што го направија овој софтвер користеа најголем можен број, бидејќи казните за супербрзо возење мора да се појават на суд, а висината на казната не е наведена во моментот кога тие се издаваат од полицијата - вели Пикок и додава дека градот го користи овој систем од 2017 година, но се работи на приспособување на автоматското испраќање за да се избегне забуна.

Адвокатот за кривични дела Снех Пател бил зачуден од висината на казната.

- Кога првпат ме прашаа за ова, помислив дека се работи за грешка на службеникот - вели тој. Пател, кој се занимава со тужби поврзани со сообраќајни прекршоци, рече дека никогаш не видел толку висока казна за прекршок.

Во државата Џорџија, казните за сообраќајни прекршоци не надминуваат 1.000 долари, плус судските трошоци.

- Прекршок од ваква природа би требало да чини 5.000 долари. Износот на кауцијата треба да биде во согласност со тоа, така што, за прекршок нема да видите суми над 5.000 долари, можеби и 10.000 долари - објаснува адвокатот, додавајќи дека повисоките суми за кауција се резервирани за понасилни кривични дела, односно случаи како трговија со дрога, убиство или тежок напад - или за луѓе од кои се очекува да не се појават на судење.

Извор: Dailymail.uk
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот