Видео од Северна Кореја покажува двајца тинејџери кои се јавно осудени на 12 години напорна работа поради гледање јужнокорејски ТВ-драми.
На видеото двајца 16-годишници во сиви комбинезони стојат пред стотици студенти на стадион, а униформираните службеници ги критикуваат дека треба длабоко да размислат за нивните грешки.
Ваквите видеа и фотографии се ретки за луѓето надвор од Северна Кореја бидејќи на жителите не им е дозволено да објавуваат што се случува во нивниот живот, особено не во други земји. Исто така, од туристите се бара да следат одредени маршрути, а местата каде што е дозволено фотографирање се строго ограничени.
Чои Којонг-хуи, извршрен директор на Институтот за развој на југ и север, мисли дека видеото било монтирано во 2022 година. Тој верува дека видеото се користи за да им се заканува на Севернокорејците, надевајќи се дека ќе ги спречи да споделуваат и гледаат јужнокорејска драма и да слушаат јужнокорејски поп.
Не е невообичаено Северна Кореја, најизолираната земја во светот, да ги затвори жителите затоа што гледале или чувале нешто поврзано со јужнокорејската култура.
На видеото еден човек постојано повторува: - Културата на марионетскиот гнил режим се прошири дури и кај инженерите. Тие имаат само 16 години, но ја уништија сопствената иднина - вели нараторот.
Фото: Screenshot/YouTube