X
 21.12.2016 Култура

Омилените книги на Бил Гејтс за 2016 година

Бил Гејтс вели дека книгите се неговиот омилен начин за да научи нешто повеќе. Уште кога бил дете сакал да чита и вели дека во просек чита по една книга неделно. Ова е листата на негови омилени книги  од 2016 година, кои тој ги препорачува за време на празниците.


„String Theory“ од  Дејвид Фостер Валас -  Оваа книга нема врска со физика, но насловот ќе направи да изгледате многу паметно ако ја читате во авион или воз. Колекција е од пет есеи за тенис, а на Гејтс му е една од омилените бидејќи и самиот тој некогаш играл тенис.

Shoe Dog“, од Фил Најт - Мемоар на коосновачот на „Nike“. Како што вели Гејтс, ова е искрен потсетувач на патот до успешен бизнис.

„The Gene“ од Сидарта Мукхерџи – Водич низ минатото, сегашноста и иднината на науката за геномот, со посебен осврт на етичките прашања. Книгата покажува дека лидерите кои најмногу даваат придонес во историјата и на човештвото, се токму оние кои не ги гледаме како „силни лидери“.

 



„The Grid“ од Гречен Баке – Авторот потенцира зошто електричната мрежа е едно од најголемите инженерски чуда на модерниот свет. Исто така е објаснето зошто модернизирањето на мрежата е толку комплексно и критично за градење на иднина со чиста енергија.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура