X
 02.02.2020 Култура

Како би изгледал светот кога книгите би владееле со него?

Нели би било прекрасно кога книгите би владееле со светот? Тогаш би имале збор како на пример „книгастократија“ и сè би се вртело околу читањето, учењето и дискутирањето и сè друго би било на второ место.

Секако, би било лошо за некои луѓе (да, постојат луѓе што не сакаат книги. Бизарно, нели?), но веројатно тие би се помириле со ова.

Така што, доколку книгите би владееле со светот...

  • Секој човек на планетата би знаел да чита. 100% писменост!
  • Писателите би правеле многу повеќе пари од професионалните атлетичари и филмските ѕвезди.
  • Книжарниците и библиотеките би се наоѓале на секој агол, во секое гратче или селце. Некаде имало „Мекдоналдс“? Е па сега ќе биде книжарница.
  • Секојпат кога ќе го отворите вашиот пребарувач или паметен телефон, би имало порака како: „Колку книги сте прегрнале денес?“ или пак „Излезе новата книга на Стивен Кинг“.
  • На секоја улица и секој автопат би биле изгравирани цитати од најголемите романи на сите времиња.
  • Телевизијата би била протерана на далечен остров. Радиото би било во ред, тоа може да остане.
  • Знаете дека Англичаните имаат резервирано дел од денот за нивниот чај? Е па, доколку книгите би владееле, би имало „време за книга“, во кое сите би морале да престанат да работат и да читаат.
  • Билбордите нема да рекламираат пива и автомобили. Секој месец тие ќе нудат понекоја нова книга.
  • Спортските тимови ќе бидат именувани според новели (Гетсби, Ана Каренина...)
  • Рестораните би имале ентериери инспирирани од романите. 
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура