Не е лесно да се најде време за читање во напорното секојдневие, но кога знаеме колку позитивно може да биде тоа за нас и за нашето ментално здравје, би можеле да се потрудиме.
Читањето ја проширува нашата имагинација, ни помага да учиме, носи радост и ја подобрува меморијата. Сепак, секој жанр има свое идеално време за читање.
Идеално време за читање:
Нефикција наутро
Овој тип книги најдобро се читаат наутро, од 10 до 12 часот, бидејќи тоа е времето кога нашиот мозок е најостар. Истражувачите велат дека причината зошто е подобро за возрасните да читаат нефикција наутро е тоа што вашето тело сака и треба да се разбуди и да се стимулира.
Читањето во текот на утрото носи многу придобивки, како што се: намален стрес, зголемена креативност, подобрени комуникациски вештини, подобра меморија и слично. Според истражувањата, шест минути континуирано читање секој ден може да го намалат нивото на стрес за 68 отсто. Читањето е одлично и за вежбање на умот и за одржување на мозокот во форма.
Фикција пред спиење
Фикцијата помага да се смири умот и да ве заспие. На некои луѓе читањето пред спиење им помага полесно да заспијат. Ако сакате читањето да ви помогне да заспиете, тогаш ова е одлична тактика. Силните светла на телефонот ќе ве држат будни и ќе ви го вознемируваат мозокот, па затоа читањето книга е многу подобар избор, особено ако страдате од несоница.
Фото: Freepik