X
 24.12.2016 Образование

Се фотографирале голи за крајот на школската година. Сосе професорот!

Матуранти заедно со нивниот професор позирале голи за да го прослават крајот на школската година.

Матуранти се фотографирале голи за крај на годината

Фотографијата со учениците од школото „Фредерик Мистрал“ (Lycèe Frederic Mistral) од Авињон за кратко време откако беше споделена на интернет, стана вирална.    

Со создавањето на оваа незаборавна фотографија, класот на необичен начин го прослави завршувањето на курсот STD2A (Science and technology of design applied arts, односно дизајн на применети уметности).

Курсот STD2A учениците го слушале во последната година од средното образование, т.е. на возраст од 17-18 години.

Откако се појави на интернет, разголената групна фотографија предизвика низа контроверзи во јавноста.

Оригиналот го споделија порталите the Local и други француски сајтови, но набрзо била избришана.

Според the Local, некои од коментарите биле прекорувачки за учеството на професорот во фотографијата. Други на чинот гледаат како игра и слобода на изразување.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование