X
 03.10.2017 Технологија

„Фејсбук“ воведува новина што ќе им се допадне на многумина


Илустрација: Фејсбук и многу раце
(Фото: Pixabay)


Нема веќе да имате можност да „шпионирате“ други луѓе на „Фејсбук“ без нивно знаење. На вашиот профил ќе пишува кога последен пат сте биле активни.

Слична работа имаше некогаш на популарниот „Мај спејс“ каде што покрај профилната фотографија од корисникот, со ситна ознака се известуваа другите дека корисниот е онлајн, а сега овој принцип го презема и „Фејсбук“.

Дека „Фејсбук“ веќе ја тестира оваа новина, забележа и порталот Mashable кој открива дека и кога не сте активни, ќе стои забелешка пред колку време сте биле онлајн на мрежата.

Досега овој „онлајн-статус“ беше видлив само на „Фејсбук Месинџер“, но сега сите ваши пријатели секогаш ќе имаат можност да знаат кога сте присутни на оваа социјална мрежа.

За среќа, таа можност нема да ја имаат лица што не се во кругот на вашите пријатели.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија