2016 година понуди одлични научни приказни и откритија. Научниците ги открија гравитациските бранови од вселената што е едно од најголемите откритија во изминативе неколку децении. Што друго се случуваше во полето на науката во изминатава година?
Роботската битка на векот
Вселената е прилично мистериозна. Инженерите некако успешно ги лансираа ракетите во вселената, а потоа успешно ги испратија луѓето во орбитата, а потоа успешно ги вратија на Земјата.
Колку повеќе автоматизација толку подобро, па така „Falcon 9“ е еден од робо-ракетите кој успешно слета без експлозија. Ова беше навистина голем момент за иднината на вселенското летање.
Гравитациски бранови
Многу подалеку во вселената, црните дупки се судираат, а суперновите експлодираат предизвикувајќи бранувања во вселената. Секако, сето ова беше теоретски поставено, се' до јануари кога научниците конечно ги открија гравитациските бранови - откритие кое на научниците им отвора можност да разберат како бил изграден универзумот.
Америка се соочи со криза со монументални опоиди
Оваа криза во Америка достигна неверојатни размери. Секој ден, 3.900 луѓе започнуваат да користат опоиди за немедицински цели, а десетици илјади луѓе умираат од предозирање секоја година. Еден ветувачки развој е зголемувањето на достапноста на налоксон, што ги менува ефектите од предозирање.
Геополитички расправии
Скоро 200 нации се согласија за париската климатска спогодба која стапи во сила во ноември. Глобалното затоплување е реална работа. И додека е одлично тоа шо сите земји се обврзија да ги намалат гасовите кои предизвикуваат глобално затоплување, светот нема да оди напред ако не се согласат сите земји.
Заканата од Зика
Како што светот се здружи за спречување на климатските промени во 2016 година, голем број земји започнаа да се борат со вирусот Зика. Научниците сметаат дека токму овој вирус е причината поради која некои бебиња се раѓаат со екстремно мали глави, наречено микроцефалија. Во април, научниците успеаја да ја потврдат врската меѓу малите глави и микроцелафијата, па така во 2017 година имаат многу поголема муниција за борба против овој вирус.
Суша на американскиот запад
Калифорнија продолжи со историската суша во 2016 година. Во држава со 40 милиони луѓе и 27 милиони акри култура, не е доволно само малку вода. Всушност, калифорниската суша веројатно ќе трае вечно.
Науката ја запознава политиката
Секако, политиката навлегува во
науката и ова не е ништо ново. Но, во 2016 година се случи моментот кога овие две се доближија една до друга како никогаш претходно.
Прво се случи Брегзитот. Велика Британија се „затвора“ себеси со што не го поттикнува движењето на идеи. Ова може да ја загрози вклученоста на нацијата во експерименти од физиката и истражувања во вселената. Понатаму, Доналд Трамп доаѓа на власт. Истиот Доналд Трамп кој тврдеше дека глобалното затоплување е измама. Со тоа, американските научници се прилично загрижени.
„Theranos“
Оваа компанија понуди точни тестови за крв со само капка крв - нешто што всушност беше измама. Така дојдоа истрагите за измама. Тужбите. На каде ќе се движи „Theranos“ во 2017 година? Сигурно не на добро место.
Гени
Благодарение на моќната алатка „Crispr“ научниците сега може да ги менуваат гените на живите организми. На пример, тие можат да ги модифицираат комарците да бидат отпорни на паразитот кој ја предизвикува маларијата.
Така, научниците се обидуваат и да ги модифицираат и човечките гени во ембрионите.