X
 12.08.2016 Наука

Во иднина вирусите ќе ни помагаат во борбата со болестите

Никогаш не сме сами, барем не на биолошко ниво. Научниците откриваат дека ние сме многу повеќе од хоминиди кои шетаат низ земјата. Ние сме цел екосистем населен од милијарди микроскопски организми од илјадници различни  видови.

 

1


За секоја човечка клетка во нашето тело постојат 10 микроби кои го населуваат. Но тие се толку мали, што 98% од нашата тежината на нашето тело доаѓа од човечките клетки. Нашето прво сознание за тоа дека микроорганизмите го населуваат нашето тело беше во 1860 година преку теоријата на Луј Пастер.

Во тоа време, бактериите, вирусите и габите во човечкиот систем најчесто се сметале за негативни и за нешта кои предизвикуваат болести. И покрај откривањето на корисните бактерии во цревата на децата од австрискиот педијатар Теодор Ешерих во 1898 година, човекот дури во 21-от век започна да го менува односот кон микроорганизмите. После доказите за корисните бактерии, Одделот за здравство и општествени служби го започна Проектот за човечки микробиоми на почетокот на 2008 година.

Ова пет годишно меѓународно истражување ја постави важноста на микробиомот, категоризираше специфична фауна и создаде база на податоци која ги содржи видовите кои биле проучени и класифицирани. Денес, знаеме дека корисните бактерии помагаат во варењето на храната, во регулирањето на метаболизмот, во зајакнувањето на имунолошкиот систем и во производство на невротрансмитери кои ја отфрлаат депресијата.

Сега со сигурност знаеме дека 100 трилиони бактерии живеат во нашиот стомак, кожа, нос, горната респираторна област, пазувите и гениталиите. Некои од овие бактерии се добри, некои лоши, а трети индиферентни. Истражувачите неодамна открија силен доказ дека можат да се пронајдат и колонии на корисни вируси кои го населуваат човечкиот систем - нешто што се нарекува „виром“ или вирусен биом.

Тим на микробиолози од Медицинскиот центар во Менхетен откри дека вирусните колонии имаат слична улога како корисните бактерии во цревата. Доцент Кен Кадвел заедно со неговиот тим ги прочувал глувците во период од две години со цел да дојде до ова откритие. Иако норовирусот е најчесто познат по тоа што предизвикува труење со храна, друг вид, познат како мјурин норовирус (MNV) беше во можност да го излекува воспаленото и оштетеното ткиво на цревото и да го подобри имунолошкиот систем на стомакот.

 

2


MNV исто така помагал во зајакнување на имунолошкиот систем на глувците во одбраната од оштетување на ткивото.

Кадвел ги нарече резултатите од истражувањето неверојатни. Тој вели дека прв пат човекот открива докази за вирус кој е домаќин во телото на човекот, а кој го подобрува здравјето. Една од мистериите на медицинската наука е како луѓето се инфицираат со вирусите, а не развиваат болест. Исто како бактериите, не сите вирусни инфекции се лоши, а некои се потребни за да го одржуваат оптималното здравје.

„Ова откритие ги поставува темелите за понатамошно истражување за тоа како виромот го поддржува имунолошкиот систем“, вели Кадвел. 

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука