X
 30.12.2016 Живот

„Google“ им нанесе силен удар на теоретичарите на заговор

„Google“ им нанесе ден од најсилните удари на теоретичарите на заговор кои во последните години, благодарение на развивањето на интернетот,  ги има во се' поголем број.

 

теорија


Имено, најголемиот пребарувач на светот ги промени своите алгоритми кои повеќе на врвот на страната нема да ги покажуваат страните кои го негираат холокаустот.

„Google“ ја донесе оваа одлука кога сфати дека пребарувањето „Дали се случи холокаустот?“ дава исклучиво неаргументирани статии кои тврдат дека еден од најголемите злосторства во историјата никогаш не се случил. На самиот врв на пребарувањето до пред неколку дена беше една расистичка страна.

„Откривањето кои страни најдобро одговараат на некои прашање е доста предизвикувачки проблем и понекогаш ни е потребно време сето тоа да го сфатиме“, изјави портпаролот на „Google“ кој не го напомена овој случај.

Тој додаде дека овој пребарувач ги подобри своите алгоритми кои сега ќе даваат поквалитетна содржина.

Овој случај стана актуелен кога Берман музејот за еврејско наследство од Атланта, се пожали дека мора да плати за на пребарувањата да се појави пред неонацистичките портали кои шират теории на заговор.

„Google“, како најмоќен пребарувач во светот, ја ужива довербата на луѓето од целиот свет и е негова должност и одговорност да го спречи ширењето на лажни теории кои станаа се' почести во последниве неколку години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот