Обожавател на серијата „Пријатели“ по 19 години открил грешка што многумина не успеале да ја забележат.
Станува збор за 18. епизода од 8. сезона, која се емитуваше во 2002 година, а во која родителите на Рос и Моника организираа забава по повод нивната 35-годишнина од бракот. На забавата се присутни сите, па дури и бремената Рејчел.
Во спорната сцена, Џек Гелер, таткото на Рос и Моника, во еден момент се наоѓа во кадарот, а веднаш потоа е заменет со непознат маж.
- Кој е тој човек? - прашува тик-ток корисникот „bronniiieee“.
Но, постои логично објаснување за овој
пропуст и е поврзано со начинот на кој е снимена серијата. Сцената е од ХД обработена верзија на епизодата која има формат на слика 16:9 наместо претходната верзија која оригинално била снимена во 4:3 формат, што значи дека сликата сега е поширока и прикажува повеќе од првично планираното, како на пример статисти кои не требало да се најдат на сцената.
Ова не е првпат обожавателите да забележат вакви грешки во „Пријатели“. Забележани се и други статисти на местото на познатите актери, па така непозната жена во една сцена ја заменува Рејчел.
Фото: Screenshot/YouTube