„Амазон“ го објави првиот трејлер за новата серија поврзана со приказната во „Господар на прстените“. Трејлерот за новата серија, „Господар на прстените: прстени на моќта“, трае само 60 секунди и покажува познати места.
Во серијата се очекува да има ликови кои се предци на хобитите, а приказната е сместена илјадници години пред настаните во филмовите „Господар на прстените“. Серијата се снимала во Нов Зеланд, а нејзини автори се Патрик Мекеј и ЏД Пејн.
Во трејлерот се гледаат и помлади верзии на ликови како Галадриел и Елронд, но и нови ликови. Серијата треба премиерно да биде прикажана на 2 септември годинава на „Амазон“.
Извор:
Insider
Фото: YouTube (printscreen)