Вистинските обожаватели на култната американска ситком-серија „Пријатели“ знаат дека на 6 мај годинава поминаа точно 16 години од последната епизода.
Планираното обединување на актерите од една од најдобрите серии во историјата на телевизијата беше одложено поради пандемијата, но додека не се случи, на „Нетфликс“ можете да ги гледате сите сезони.
Во меѓувреме, креаторите на е-дизајн компанијата „Модси“ ја прославија годишнината на
„Пријатели“ со интересен проект.
Во обид да одговорат како познатите станови би изгледале во согласност со сегашната естетика, тие создале инспиративни ентериери.
Според креативниот тим на „Модси“, Џои сега живее во станот на Моника и Рејчел, и секако го претвори станот во ултимативен минималистички ергенски стан со влијанија од средниот век каде што сè е во нијанса на сиво и нордиско дрво.
Станот на Џои
Моника и Чендлер сега живеат во прекрасна куќа во Вестчестер, како што и сите претпоставувавме, а нивната дневна е широка и пространа бидејќи Моника отсекогаш сакала сè да биде околу неа - се разбира, куќата има симетрија во секоја смисла. Двајцата им даваат предност на класичниот мебел и геометриски прецизната аголна гарнитура - но, сепак, има доволно место за да се собере целото друштво.
Станот на Моника и Чендлер
Фиби, како вистинска бохо-девојка, побегна од градската врева и создаде мало еклектичко засолниште во смирувачки нијанси на зелена и крем-боја. Иако има купено нов мебел и покрај своите антиконсумеристички принципи, таа сепак повеќе сака винтиџ-фотелја покрај која е сместена гитарата за моменти на инспирација.
Станот на Фиби
Извор: Noizz.rs
Фотографии:
Modsy.com | Screenshot/YouTube