X
 21.10.2018 Наука

Како предците на китовите ги загубиле забите?

Сините китови и нивните братучеди се единствените суштества на Земјата кои ја фатат својата храна користејќи џиновски чешли од кератин кои филтрираат милиони литри вода дневно за нивните микроскопски оброци. Но, раните предци на китовите имале заби, слично на многу денешни китови-убијци, а научниците се обидуваат да објаснат како се развил нивниот систем за хранење. Редок фосил нуди одговор: Предците на китовите најверојатно прво ги загубиле забите и ја шмукале храната, а потоа развиле таканаречени чешли.

Други неодамнешни истражувања покажаа дека преминот од заби до чешли вклучувал бавна трансформација од едно во друго. На пример, еден фосилен од кит стар 30 милиони години, пронајден во Вашингтон, имал заби во форма на ограда со мали празнини кои можеле да ја филтрираат храната. Друга хипотеза е дека некое време китовите се хранеле користејќи ги и забите и таканаречениот чешел. Но, анализите на речиси цел череп на кит се во спротивност со двете теории.

Палеобиологот Карлос Передо од Универзитетот „Џорџ Мејсон“ во Вирџинија, САД, и истражувачот Марк Уен од истиот универзитет, велат дека фосилот пронајден ов 1970-ите години во Орегон сугерира дека китовите ги загубиле забите и подоцна самостојно развиле чешел, без временско поклопување.

Тимот користел компјутеризирана томографија за да погледне во черепот стар 30 милиони години. Тие не пронашле ниту заби ниту коскена структура потребна за поддршка на чешелот - што е значајно откритие. Но, кога Передо погледнал подобро, на негово изненадување сфатил дека структурата на черепот сугерирала сосема различен вид на метод на исхрана: шмукање.

-Си мислев, тоа е апсурдно - се присетува Передо.

Она што ги убедило Передо и Уен била формата на черепот, која можела да ги поддржува моќните мускули на лицето потребни за шмукањето на храната. А староста на китот го сместила токму во празнината меѓу китовите со заби и китовите со чешли.

Сѐ уште не е разјаснето кога израснал таканаречениот чешел, но Передо вели дека транзицијата веројатно била завршена кон крајот на олигоценот, пред околу 23 милиони години.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука