X
 16.04.2017 Култура

Најсофистицираните луѓе за кои никогаш не сте чуле, живееле пред 5.000 години

Една човечка популација што живеела пред 5.000 години на архипелагот Оркни, од денешна перспектива би ја окфалификувале како примитивна, и би погрешиле, бидејќи станувало збор за неверојатно вешти, инвентивни и култивирани луѓе.


Фото: Оркни/Wikipedia

Новинарот Џон Левински го посетил ова место на северниот брег на Шкотска, со намера да открие како живееле луѓето таму пред времето на египетските пирамиди и на Стоунхенџ. Првото изненадување што го пречекало било сознанието дека овие предисториски Брити биле далеку од пештерски луѓе. Всушност, истражувачкиот археолошки центар во Оркни, констатирал дека овие луѓе живееле во софистицирано општество, што ќе рече дека имале своја религија, ја ценеле уметноста, граделе и ги декорирале домовите, создавале заедници со комплексна класна структура. 

„Во добата пред откривањето на металите, тукашните луѓе умееле да кршат камења, да копаат ровови, да управуваат со фарми и да подигаат камени кругови како оние околу Бродгаровиот ’Рт. Откако ќе ги разберете постигнувањата на овие луѓе, ништо што направиле нема да ве изненадува.“

Според кажувањата на Малколм Хандол, жител на Папа Вестри (остров во Оркни архипелагот), еколог и инструктор за вештини за преживување во дивина, жителите на ова место пред 5.000 години биле мајстори на огнот: можеле да го создадат, да го одржуваат, транспортираат и споделуваат. Имале постојан извор на топлина и резерви на храна, благодарение на фармерската дејност, ловот, риболовот и константната потрага по храна во природата. Начинот на функционирање им бил доведен до совршенство, па така имале организирано време – за подигнување камења, за творење/креирање, за социјален живот.

Географската положба и климата, исто така им биле од голема помош и корист. Неолитскиот Оркни имал уникатна местоположба. Северноатлантската струја создавала блага клима, почвата била многу плодна, а изолираниот предел ги штител од напади.

Таквата заштита на неолитската популација им ослободила време да градат населби како Скара Бре – добро сочувано село што се откопувало во текот на последните 160 години. Светското наследство на УНЕСКО ги покажува домовите, градбите, организира работилници кои даваат увид во животот на некогашните жители на овие села. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура