X
 11.04.2021 Живот

Мала рурална заедница во Шкотска откупила 2.000 хектари земја за да ѝ ги врати на природата

Шкотска наскоро ќе добие нов природен резерват благодарение на мала заедница која неодамна заврши еден од најголемите откупи на земјата, за да ѝ врати над 2.000 хектари на природата.

Благодарение на одлучноста и напорите на една рурална заедница, Шкотска ќе добие нов природен резерват.

Со поддршка на добротворната организација „Лангхолм“, малата шкотска заедница успеа да собере 3,8 милиони фунти за да купи 2.100 хектари земја од војводата од Буклеух. Продажбата, која била договорена во октомври, била завршена на 26 март, по шестмесечна кампања за финансирање, која ја достигнала целта два дена пред крајниот рок.

- Од март до октомври беше периодот кога требаше да собереме милиони фунти, а бевме на почетокот на глобална пандемија, за проект што никогаш претходно не бил направен - вели Кевин Каминг, член на одборот на иницијативата „Лангхолм“.

1

Но, со оглед на тоа што луѓето ја обновија врската со природата токму за време на пандемијата, донациите почнале масовно да пристигнуваат.

- Имаше јасна желба ова да успее. Над 4.000 луѓе донираа во овој фонд и тоа е навистина неверојатно достигнување - изјави Каминг.

- Заедно постигнавме нешто што изгледаше невозможно - изјави Маргарет Паул, претседателка на иницијативата „Лангхолм“.

Сега, кога продажбата е конечно завршена, може да се почне со работа за трансформација на имотот во природен резерват на долината Тарас. Ќе се обноват древни шуми, ќе се основаат природни шуми и ќе се создаде рај за дивиот свет. Плановите за обнова на заедницата вклучуваат и нови можности за туризам заснован на природата.

Ескдејл, скриена далеку меѓу ридови, е заедница со срце. Како поранешен град на текстилот, Лангхолм бил познат по растечката популација и раздвижените погони. Но, тие денови поминале, а континуираниот пад на традиционалните индустрии во Ескдејл од 80-тите години значел дека популацијата се намалува, а со тоа страда и локалната економија.

Во приказната влегува иницијативата „Лангхолм“, формирана во 1994 година како партнерство помеѓу приватниот и јавниот сектор, како одговор на постиндустриската криза.

2

Ова било почеток на долгорочен успех. Како еден од најраните фондови на Јужна Шкотска, иницијативата „Лангхолм“ го предводела олеснувањето на проектите што правеле вистинска и трајна разлика во областа.

- Со растот на нашите мрежи и проширувањето на нашите вештини, успеавме да постигнеме и да успееме во корист на нашата заедница. Веруваме во силата на партнерството и доставуваме промени повеќе од 20 години - велат од иницијативата.

Извор: Brightvibes.com
Фото: Facebook/TheLangholmInitiative /Jason Railton
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот