X
 16.04.2019 Технологија

Затворете ги замрзнатите програми во „Виндоус 10“ со овој едноставен трик

Затворањето на програмите во „Виндоус 10“ понекогаш е многу потешко отколку што се чини. Колку пати сте се обиделе да кликнете во некој дел од програма само за да ве дочека потсетник дека програмата не реагира?

Првиот обид за затворање на „замрзнатата“ програма веројатно би бил отворањето на Task Manager, што можеби звучи како солидно решение, но постои и побрза метода. Во овој водич ќе ви покажеме како да направите кратенка која ќе ја исклучува програмата без влегување во дополнителни програми.

За затворање на програмата без помошта од Task Manager потребна ви е командата taskkill. Тоа е команда што може да се изврши преку кратенка.

За почеток, со десен клик кликнете во празен простор на вашиот десктоп и изберете New>Shortcut за да направите нова кратенка. Ќе се отвори прозорец каде што треба да ја напишете локацијата на кратенката и таму ќе напишете: taskkill /f /fi "status eq not responding".

Што значи сето ова?

-Taskkill е наредба со која се гасат процесите, односно се затвораат програмите кога ќе престанат да работат;

-/f наредува присилно гасење на програмата;

-/fi наредува да се применува само на процесот кој исполнува одреден критериум;

- Конечно, текстот во наводниците е критериум за компјутерската наредба - вашата цел е да се исклучат програмите што не одговараат на останатите наредби.

Откако ќе ја внесете наредбата, дијалогот за создавање кратенки ќе ве праша како сакате да ја именувате новата кратенка, што, во овој случај е ваш избор. Кликнете на Finish и ќе имате команда која автоматски ги гаси заглавените програми.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија