X
 21.07.2020 Технологија

„Мајкрософт“ предупредува за голем проблем со „Виндоус 10“

Корисниците на „Виндоус 10“ продолжуваат да пријавуваат проблеми со оперативниот систем, а некои од овие проблеми можеле да бидат одбегнати. Сега од „Мајкрософт“ велат дека има нов проблем со оперативниот систем.

Компанијата потврдила дека најновата верзија на „Виндоус 10“ може да ги исклучи корисниците од интернетот, дури и доколку нивната конекција е добра. Дополнително, проблемот бил забележан од сè поголем број корисници во последните месеци.


Фото: Pixabay

Корисниците што се погодени добиваат стандардна порака со жолт триаголник дека немаат пристап до интернет во долниот десен агол, но бидејќи предупредувањето е лажно, интернет-прелистувачот сепак работи.

Лошата вест е дека многу апликации на компјутерот се поврзани со статусот на оперативниот систем, па затоа нема да се обидат да се поврзат на интернет доколку се појави овој знак. Затоа корисниците може да имаат проблем со користењето на одредени апликации.


Фото: Pixabay

Од компанијата изјавиле дека се свесни за проблемот и во моментов прават анализа, но сè уште не е најдено решение.

Во меѓувреме, некои корисници го решиле проблемот на следниот начин. Напишете „Registry Editor“ во пребарувачот на оперативниот систем, а кога ќе го отворите, пронајдете го следниот дел „HKEY_LOCAL_MACHINE\SYSTEM\CurrentControlSet\Services\NlaSvc\Parameters\Internet“. Сменете ја вредноста на „EnableActiveProbing“ од 0 на 1. Притиснете „ОK“ и затворете го прозорецот. Рестартирајте го компјутерот.

Автор: Гордон Кели
Извор: forbes.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија