X
 16.04.2023 Технологија

Апликација овозможува повторно да ги преживеете спомените

Памтењето е една од најрадосните и најболните способности на човечките суштества. Технологијата напредувала многу за да ни помогне да ги зачуваме најубавите спомени, но гледањето домашни видеа не е исто како и доживувањето на вистинскиот момент.

Ендрју Р. Мекхју се надева дека ќе ја затвори оваа празнина со нова апликација наречена „Вист“ (Wist), која ветува дека ќе им овозможи на корисниците да снимаат видеа на нивните телефони и да ги трансформираат во 3Д-видеа што можат да се гледаат на телефон со опција за проширена реалност или алатка за виртуелна реалност.

Мекхју, извршен директор и коосновач на апликацијата, објаснил дека апликацијата треба да предизвика чувство на копнеж и сеќавање.

- Мојата баба почина кога бев во средно училиште. Имам некои спомени од тоа време, но не се сеќавам многу добро. Имаме неколку фотографии и видеа, но не е исто како да сум таму... и таа никогаш не го запознала моето дете - вели Мекхју.

Неговата апликација има цел да го промени тоа и да овозможи вечно чување на спомените во 3Д-верзија. На „Твитер“ било споделено видео кое прикажува како функционира апликацијата. Додека многумина го сметале за интересно или футуристичко, други коментирале дека е дистописко и ги потсетува на серијата „Црно огледало“ (Black mirror).



Извор: Vice
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија