Паметните телефони и апликациите се дизајнирани да станете зависни, па на многу луѓе им е тешко да одолеат на известувањата од социјалните мрежи или на новите фотографии на „Инстаграм“.
Постојат многу апликации што можат да ви помогнат да поминете помалку време зјапајќи во вашиот телефон, меѓутоа, една бесплатна апликација за „Андроид“ има доста „брутален“ пристап што може да функционира дури и кај најбезнадежните зависници од паметен телефон.
Апликацијата се вика „Lock Me Out“ (Заклучи ме) и нуди неколку различни функции дизајнирани за спречување на користење на телефонот. Кога ќе ја отворите апликацијата, првото нешто што ќе го забележите се два реда големи црвени копчиња што нудат заклучување на вашиот телефон во период од 15 минути до 3 часа. По изборот на 15-минутно заклучување, апликацијата ве носи до заклучениот екран. Можете да одговарате на повици, да читате известувања и да ја користите камерата.
Апликацијата ви нуди можност да го заклучите вашиот телефон одреден период од денот, да го поставите да се заклучи автоматски подоцна тој ден или да создадете неделен распоред на време на блокирање. Ќе најдете и опција што овозможува да го заклучите телефонот 30 минути, ако сте поминале повеќе од 5 часа на телефон во текот на денот.
Иако техниките можеби ви изгледаат драстични, ако не можете да го оставите телефонот ни две минути, тогаш ова е совршената
апликација за вас.
Фото: Freepik