„Мета“ го тестира својот чет-бот со вештачка интелигенција во рамките на апликацијата „Вацап“, кој моментално може да го тестираат одредени корисници на апликацијата на „иОС“ и „Андроид“ кои го користат англискиот јазик како стандарден.
Чет-ботот за вештачка интелигенција на „Мета“ на корисниците им се појавува на две различни места - во пребарувачот и како посебна икона на самиот врв на екранот до иконата на камерата.
Чет-ботот со вештачка интелигенција во „Вацап“ работи како што се очекувало. Корисниците можат да му поставуваат прашања и да се допишуваат со него, а се очекува и тој да биде интегриран во разговорот, како што на пример тоа го прави „Скајп“.
Извор: Bug.hr
Фото: Freepik