Фото: Getty Images
„ВацАп“ заедно со „Гугл Мапс“ и „Фејсбук“ им овозможи на корисниците да ги споделуваат локациите во реално време.
Опцијата од денес можат да ја користат корисниците на „Андроид“ и „Ајос“ оперативни системи.
Опцијата наречена „Live Location“ се активира преку четот, а сè што треба да направите е да кликнете на „attach“ и да кликнете на опцијата „Location“. Тогаш ќе се појави нова опција за споделување на локацијата во живот, со што можете да изберете споделување на локацијата на 15 минути, 1 час или 8 часа. После тоа, потребно е само да кликнете „send“.
Опцијата е видлива само за учесниците во разговорот.