X
 01.06.2021 Технологија

За неколку години астронаутите ќе имаат „Нетфликс“ и „Вацап“ на Месечината

На идните мисии астронаутите ќе можат да гледаат „Нетфликс“ и да комуницираат со другите преку апликацијата „Вацап“ благодарение на британската компанија „Инмарсат“, која развива телекомуникации и ГПС-систем за навигација за Месечината. До 2028 година интернетските сателити на „Инмарсат“ треба да кружат околу Месечината.

- Можеме да замислиме да имаме „Нетфликс“, а сигурно ќе имаме и „Вацап“ на Месечината - вели Ник Шејв, потпретседател на стратешката програма во „Инмараст“.

За наредната деценија, комерцијалните компании планираат вселенски мисии. Дејвид Паркер, директор на одделот за истражување на роботика и луѓе во Европската вселенска агенција, ги опишува претстојните вселенски мисии како систематско истражување на нашиот осми континент.
 
- Месечината е складиште на 4,5 милијарди години историја на Сончевиот Систем, а ние само што почнавме да ги откриваме нејзините тајни - објаснува Паркер.

„Инмарсат“ работи на овој проект заедно со италијанската компанија за вселенски системи „Телеспазио“, канадската компанија „Ем-ди-еј Спејс енд роботикс“ и кампусот „Харвел Сајнс енд иновејшн“ во Оксфордшир.

Извор: Mirror.co.uk
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија