Соборот на Српската православна црква одобри канонско единство на СПЦ со Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
Така, спорот што датира уште од 1967 година, кога МПЦ се оддели од СПЦ, е решен.
Пред оваа одлука на Соборот беа обновени разговорите на српскиот патријарх Порфириј и претставниците на МПЦ, на чело со владиката Стефан, кои биле водени во најголема тајност во Ниш.
По 20 години, откако на 17 март 2002 година беше усвоен Нишкиот договор меѓу СПЦ и МПЦ околу дефинирањето на нивните односи, на истото место за време на првомајските празници, повторно е воспоставена официјална комуникација, а плодовите на таа комуникација резултирале со денешната одлука.
Извор:
kurir.rs