X
 16.08.2023 Живот

Ново истражување за продуктивноста нема да им се допадне на оние што работат од дома

Различни претходни студии покажале бројни придобивки од работењето од дома. Вработените кои работат од нивната дневна или спална соба можат да спијат подолго, не губат време патувајќи до и од работа, па дури имаат и време да направат ручек или да завршат некои мали домашни работи за време на паузата од работа. Освен што нивната рамнотежа помеѓу приватниот и работниот живот е многу подобра бидејќи имаат повеќе време за приватни работи, некои студии покажале дека таквите вработени се подеднакво продуктивни, а во некои случаи и попродуктивни од оние кои ја работат својата работа од канцеларија.

Научниците од Технолошкиот институт во Масачусетс и Универзитетот во Калифорнија одлучија да истражат дали оние кои работат од дома се навистина попродуктивни од канцелариските работници, а резултатите од нивното истражување се доста интересни и спротивни на она за што сме слушнале досега.

Истражувањето било спроведено со 235 вработени во Индија кои внесувале податоци во компјутерите, а биле поделени во две групи. Едната група работела од канцеларија од девет наутро до пет попладне, додека оние во другата група работеле од дома и можеле да изберат период во кој ќе работат, но тоа морало да биде со полно работно време.

Резултатите од тој експеримент покажале дека оние кои работат од дома се помалку продуктивни за дури 18 отсто во споредба со работниците во канцеларија, а научниците оваа продуктивност ја измериле врз основа на брзината на пишување. Исто така, истражувањето покажало дека луѓето кои се помалку продуктивни кога работат од дома почесто ги избираат опциите за таква работа на далечина.

Според истражувачите, можно решение е хибридниот модел на работа, односно некои работни денови да се поминуваат во канцеларија, а некои во домот.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот