X
 17.10.2015 Живот

Работните часови во земјите низ светот... Каде најмногу се работи?

Светскиот економски форум спроведе истражување за работното време на работниците во земјите ширум светот.


Од резултатите дознаваме дека најмногу работат Мексиканците и Корејците, а најмалку Германците и Норвежаните. Вработените во Мексико работат просечно 2.237 часови годишно. Работниците во Јужна Кореја работат просечно 2.163 часови годишно, оние во Грција 2.060, во Чиле 2.015 и во Русија 1.980 часови.

Во групата на земји во кои работниците поминуваат најмногу време на работното место се наоѓаат и Латвија, Полска, Унгарија, Израел и Естонија.

Според истражувањето, најмалку работат Германците, со просечно 1.363 часови годишно. Следува Норвешка, каде работниците работат просечно 1.408 часови годишно, а по неа Холандија со 1.421 часови, Данска со 1.438 и Франција со 1.489 часови годишно.

Меѓу земјите кадешто работниците работат најмалку се и Словенија, Белгија, Швајцарија, Шведска и Австрија.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот