Гречен Голдмен е научник, мајка и директор за истражување во непрофитна организација во Вашингтон. Нејзината работа вклучува ТВ-интервјуа и разговори со пратеници. Од почетокот на пандемијата таа ги прави овие работи од дома.
Неделава, по едно телевизиско интервју, таа споделила фотографии од интервјуто, но од поинаков агол. На првата фотографија е Голдман за време на интервјуто, гледано од камерата на нејзиниот лаптоп, односно токму онака како што таа изгледала на телевизија.
На втората фотографија се гледа Голдман од друг агол. Таа седи на стол, а нејзиниот лаптоп е ставен на друг стол кој е качен на маса. Носи кратки панталони и веднаш е јасно дека е мајка бидејќи собата е полна со играчки.
- Сметав дека треба да бидам искрена за ситуацијата. Родителите, особено мајките, имаат проблеми во моментов. Многу е тешко - изјавила таа.
Голдман порачува дека лидерите треба да направат повеќе за решавање на оваа
ситуација.
- Цели мрежи за поддршка ни се одземени. И од нас се очекува само да продолжиме, од ден на ден, како ништо да не е сменето - вели таа.
Автор: Бил Марфи
Извор:
inc.com