Неодамна „Мекдоналдс“ во Шведска создаде мал ресторан за пчели со кој сакаше да го насочи вниманието на кризата со која се соочуваат пчелите - умираат колонии со невидена стапка и сите треба да бидеме загрижени за тоа.
Сега од „Мекдоналдс“ создаваат мали хотели за пчели на задниот дел од нивните билборди. Од „Норд ди-ди-би“, креативната агенција што стои зад архитектурата, објаснуваат дека 30 отсто од дивите пчели во земјата се загрозени, главно затоа што немаат доволно места за одмор.
Затоа компанијата се здружи со фирмата за рекламирање „Џеј-си-деко“ за да ги претвори задните делови од нивните билборди во мали хотели.
„Мекдоналдс“ троши над 1,8 милијарда долари секоја година за рекламирање и промоции, обидувајќи се да создаде слика како грижлива и зелена компанија. Додека овие локализирани напори за промовирање на биолошката разновидност на пчелите се одлични - тие се ништо во споредба со штетата што „Мекдоналдс“ ја прави врз животната средина како целина.
Освен што придонесува за уништување на шумите и емисии на стакленички гасови преку интензивната потреба од месо, живина и производи како палмино масло, туку и само 50 отсто од пакувањата на „Мекдоналдс“ доаѓаат од одржливи извори и само 10 отсто од рестораните на компанијата рециклираат.
Сепак, тие преземаат чекори за подобрување.
- Нашите клиенти ни кажаа дека отпадот од пакувањата е број еден проблем кога станува збор за животната средина, а ние би сакале да го решиме тоа - изјави Франческа Дебиасе, главен директор за снабдување и одржливост во „
Мекдоналдс“.
До 2025 година компанијата сака 100 отсто од нејзините пакувања да доаѓаат од обновливи, рециклирани или овластени извори, а рециклирањето да биде достапно во сите ресторани.