X
 18.07.2017 Живот

Што ќе се случи ако изумрат пчелите?

Фразата „Спасете ги пчелите!“ во последно време многу често може да ја слушнете. Ако сте мислеле дека не е важна, размислете повторно. Пчелите, всушност, имаат голем придонес во агрикултурата и во земјоделските бизниси. Ова е листа со 10 работи што не би можеле да ги преживееме ако дојде до изумирање на пчелите:

1. Снабдување со храна

Пчелите се одговорни за 70 проценти од процесот на опрашување на земјоделските култури - јаболка, банани, авокадо, пченка. Што значи дека 63 проценти од снабдувањето со храна директно зависат од пчелите. Постојат и други опрашувачи, но нивниот ефект е минимален во споредба со оној на пчелите.

2. Индустријата за кафе

Пчелите се примарните опрашувачи на кафето. Без нив снабдувањето со кафе во светот ќе престане и индустријата ќе замре. Можеби помислувате дека кофеинот не е неопходен за луѓето и не е толку важен за исхраната, но изненадувачки е колку светската индустрија се состои од производство и продажба на кафе.

3. Ноќта на вештерките

Пчелите се опрашувачи и на тиквите. Тиквите обично се одгледуваат на мали семејни фарми од индивидуални фармери. Ако ги нема пчелите, нивните семејни бизниси ќе пропаднат, а производството на тикви ќе замре. А знаеме колку многу тикви се продаваат токму за празникот Ноќ на вештерките во САД.

4. Индустрија за облека

Памукот е најпопуларниот фабрички материјал во САД. Се произведува во огромни количини. Пчелите се одговорни за речиси целосното опрашување на полињата со памук. Без нив, памучната облека нема да постои.

5. Индустријата за јаткасти плодови

80 проценти од производството на јаткасти плодови зависат од опрашувањето на пчелите. Во Африка производството се зголемува за 200 проценти кога полињата се опрашени природно преку пчелите, наспроти плодовите што се опрашуваат вештачки. Ако пчелите изумрат, производството драстично ќе се намали и многу бизниси ќе згаснат.

6. Индустријата за биолошки горива

Тренд во обновливата енергија се биогоривата. Овие горива функционираат како гас, но наместо да бидат земени од резервоари за масла, тие се направени од различни растенија што се процесираат во етанол. Во биогоривата се вклучени состојки што се опрашени од пчели.

7. Индустрија со камиони

Пренесувањето стока и производи зависи од возачите на камиони и од соодветниот транспорт. Најмногу се пренесува храна, па ако пчелите изумрат, ќе нема доволно храна за да се пренесува. И таа малку храна што ќе остане ќе биде прескапа и не ќе може секој да си ја дозволи.

8. Месна индустрија

За да се одгледува стоката, потребни се биопродукти и храна. Трева, пченка и слично. За нивно произведување потребно е опрашувањето од пчелите, а потоа хранење на стоката и производство на месо. Постоењето на пчелите е од огромно значење за целокупниот животен процес.

9. Светска економија

Сето наведено, доколку драстично се намали или згасне, ќе биде огромен удар за економијата на светско ниво, со оглед на тоа дека станува збор за речиси сите индустрии, односно целокупното функционирање на светот. Бизнисите ќе згаснат, производството ќе се намали и тоа ќе значи слаба економија, односно никаков економски раст и развој, ниту приходи.

10. Човечка раса

Сите негативни наведени последици што можат да се случат ако изумрат пчелите ги наведуваат научниците да веруваат дека луѓето не би го преживеале тоа. Многумина се скептични за таа теорија, но поголемиот дел сметаат дека човечката раса не ќе може да се справи со таквата ситуација – ќе се соочи со загуби, недостиг од храна и сето она што е потребно за нормално живеење. Поврзаноста на човекот со природата е од есенцијално значење и токму затоа изумирањето на видовите со себе носи и последици за сите живи суштества на планетата.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот