Мравки, пчели, оси или нешто сосема друго: Кои инсекти се најпаметни?

Мравки, пчели, оси или нешто сосема друго: Кои инсекти се најпаметни?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Мерењето на интелигенцијата кај животните е прилично необична работа. Сепак, биле спроведени многубројни експерименти за тестирање на способностите на малите мозоци на инсектите. Резултатите се изненадувачки.

Пчели

За почеток, пчелите можат да направат основна математика, да го разберат концептот на нула, па дури и препознаваат непарни и парни броеви. Пчелите имаат и прилично неверојатни навигациски вештини и можат да го најдат најкраткиот и оптимален пат помеѓу цвеќињата. Покрај вештините во аритметиката, пчелите имаат и одлична меморија, импресивни комуникациски вештини базирани на танц, а најважно, тие прават мед. Азиските пчели дури и предупредуваат кога ќе бидат нападнати од стршни.

Мравки

Мравките се познати по нивната интелигенција, особено нивната способност да работат како тим во огромни колонии. Иако способностите на мравките не се слични на пчелите, нивните практични вештини се исклучителни. Некои собираат габи, други ситен „добиток“ во вид на вошки, градејќи им засолништа и заштитувајќи ги од лоши временски услови.

Утврдено е и дека мравките користат претходни искуства за да донесат одлуки кои се во интерес на благосостојбата на колонијата. Тие, исто така, имаат одлични стратегии за преживување - па некои видови мравки вршат ампутации по битка. Тие можат да ги лекуваат раните со „антибиотици“, додека одредени видови можат да градат „сплавови“ за да останат безбедни за време на поплави.

Оси


Осите се разликуваат од пчелите и мравките по тоа како живеат и какви вештини поседуваат. На пример, осите тарантула растат без колонија. Овој тип оси ги имаат вештините за наоѓање тарантули, кои потоа ги одвлекуваат и ги положуваат јајцата на нив.

Кога јајцето ќе се изведе, го користи телото на тарантулата како „гориво“ и го грицка додека не дојде време да се претвори во возрасна единка. Дом и извор на храна во едно е прилично паметен почеток на животот.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik